петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Дали се успеа во градбата на здравството овие 29 години, одговорот е не, но тоа не е оправдување за неспособноста на Филипче

Мицкоски: Дали се успеа во градбата на здравството овие 29 години, одговорот е не, но тоа не е оправдување за неспособноста на Филипче

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во МТВ денеска посочи дека сите политички елити во изминативе 29 години имаат одговорност за здравството во Македонија, но тоа не е оправдување за неспособноста на актуелниот министер за здравство Венко Филипче.

-Без да зборувам во ракавици и да бидат брутално искрен, сите оние политички елити во изминативе 29 години кога ќе ги прашате дали успеаја, одговорот е не, но ова можеби не е поединечна одговорност, ова е преголема колективна одговорност, вели Мицкоски.

-Ние денеска имаме три години влада и министер којшто наместо да излезе и да каже дека имаме проблеми во системот заради тоа и тоа, ни треба помош, овие Протоколи ги разгледав дајте на овие луѓе да им помогнеме, тој по пет саати дневно прави прес конференции коишто сите медиуми во Македонија ги пренесуваат, не е тоа чесна намера, посочи тој за МТВ.

Мицкоски потенцира дека од една страна власта троши 8 милиони денари за четири дена за репрезентации и патувања во странство, а од друга страна вели дека ќе ги покрива аранжманите на туристичките агенции и ќе ги кратат платите на администрација, тоа не личи на ништо.

Мицкоски во интервјуто за МТВ истакна дека за одржаните прес конференции овој период, народот нема да го заборави онашто власта го направи изминативе три години.

Најнови вести