вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Дигитализација на услугите на општините за ефикасност, нема да има чекање со месеци за одреден документ

Мицкоски: Дигитализација на услугите на општините за ефикасност, нема да има чекање со месеци за одреден документ

Дигитализација на услугите на општините за ефикасност и ефективност, за граѓаните да не чекаат со месеци за одреден документ, преку проектот „Мојата целосно дигитализирана општина“ вчеравечер го промовираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Прилеп.

Претседателот Мицкоски истакна дека со оваа реформа ќе се овозможи кратење на времето за кое граѓаните чекаат за услугите, но и ќе се прекине со уцените и злоупотребите.

Денеска се случува со месеци и со години да се чека документ, некако решение или некаква одлука. Со концептот на целосно дигитализирани во општината или дигитална моја општина, тие месеци и години ќе се скратат во денови. Нема повеќе уцени, нема повеќе злоупотреби, процесот ќе биде отчетен и транспарентен за да може секој еден граѓанин да го оствари своето право во општината за неколку дена, да не чека со месеци и со години, тоа е проектот „Мојата целосно дигитализирана општина“, истакна Мицкоски.

Тој кажа и дека со тој проект граѓаните нема повеќе да чекаат на волјата на власта. Нема да има повеќе заборавени или предмети кои се работат со месеци или години. Ќе се зголеми не само ефикасноста, туку и транспарентноста.

Најнови вести