Во вечерашното гостување во Телевизија Телма, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му посочи на новинарот Боби Христов дека Македонија нема европско здравство како што ветуваше Заев, туку земјава е најкорумпирана држава во Европа, со најлоша економија и здравство.
-Поради оваа логика ние сме најкорумпираната држава во Европа, со најголем број на смртни случаи од Ковид пандемијата со најлошо здравство, со нула странски инвестиции, со најлоша економија и економски изгледи во регионот, и се додека го бараме оправдувањето на ваков начин ние ќе бидеме таму кадешто сме, рече Мицкоски.
Мицкоски вели дека лагите на власта се бројни како што беа тие од пред референдумскиот период кој Заев ги кажуваше во јавноста како европско здравство, европско образование кое граѓаните никогаш не го добија, а најновите случувања во Собранието се срам за демократијата.