Води ги младите и обедини ги. Имаме значајна битка и тоа е битката на мојата и твојата генерација, после која мора да обезбедиме иднина.
Ова е пораката која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја упати до претседателот на Унијатана млади сили на партијата, Сергеј Попов, во своето обраќање на прославата од 31-от роденден на УМС.
-И Македонија повторно ќе се издигне од пепелот и повторно ќе биде силна, исправена и стаменита. Затоа што Македонија е нашата најголема љубов, нашата цел и нашиот сон. Заедно и обединети до целта, додаде Мицкоски.