сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски до Софија: ВМРО-ДПМНЕ нема да почитува едностран договор потпишан со Заев

Мицкоски до Софија: ВМРО-ДПМНЕ нема да почитува едностран договор потпишан со Заев

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат испрати порака до бугарскиот претседател и владата дека евентуален договор којшто би се потпишал од Зоран Заев, тие нема да го почитуваат.

„Мојата порака и до Радев и до Бугарската влада е дека овој едностран договор, потпишан од политички бегалец, како Зоран Заев, новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, нема намера да го почитува. Затоа што ниту учествува ниту знае каков е. Треба да знаат дека немаме намера да го почитуваме“, рече Мицкоски.

Најнови вести