понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски до власта: Доколку не успее референдумот треба да ја почитувате волјата на народот

Мицкоски до власта: Доколку не успее референдумот треба да ја почитувате волјата на народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати порака до владејачката гарнитура порачувајќи и дека доколку не успее референдумот тие треба да ја почитуваат волјата на народот.

– За да помине референдумот треба да излезат над 900 илјади граѓани и повеќето од нив да гласаат ‘за’. Ако тоа се случи, нешто во што не верувам, тоа ќе биде волјата на народот. И, јас немам намера да одам против неа. Не можете да велите дека сте демократ, а да не ја почитувате волјата на народот, но воедно очекувам и доколку не биде успешен – тоа да го почитува власта. Го слушам Никола Димитров пред некој ден кажува дека без оглед на тоа каков е референдумот, уставните амандамни ќе ги прателе во Собрание. Почекајте малку, тоа така не оди. Како ќе праќаат амандмани, а народот не се изјаснил за договорот кој значи себепрекрстување? Какво е ова множење со нула на народот? Па ако е така, еве Димитров и Заев нека владеат доживотно, нека нема избори. Но, не е така. Од друга страна, дали е ова најава дека власта знае оти договорот нема да има зелено светло од народот и сега се обидува да го прескокне? Зошто тогаш трошеа милиони за да ги убедуваат граѓаните во нешто што е штетно? Неуспешен референдум ќе значи дека договорот не поминал. Тоа јас не го велам, тоа го вели законот, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто дадено за Независен.

Најнови вести