Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес ги посети пазарџиите на Зелениот пазар во Скопје.
Тој ги сослуша нивните проблеми и зборуваа за работата на актуелната Влада која удира врз најранливите категории на граѓани.
Мицкоски беше во придружба на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Никола Мицевски и двајцата заедно се потпишаа на петицијата која пазарџиите ја отворија за да се укинат мерките.
Пазарџиите му се пожалија на лидерот на опозицијата дека трошоците кои им се наметнуваат од страна на Владата се премногу за нивниот џеб и дека тие едвај заработуваат за да преживеат, а дополнителни давачки би биле голем удар за нив. Со поздрав и аплауз го поздравија неговото доаѓање и потписот кој им го даде како поддршка.