Во една работа признавам дека се најдобри, најдобри се во крадење и лажење, тука им нема рамен. Во крадење и лажење им нема рамен. Ама проблемот е што додека тие крадат и лажат тоне Македонија, тонеме и ние со нив. Македонија денеска за жал е најкорумпираната држава во Европа. Држава која што ја водат политичари криминалци во Владата, тоа е наш колективен срам, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ од митингот во Гостивар.
Мицкоски додаде дека шансата за да се промени овој колективен срам е 17-ти октомври.
„Затоа велам дека ова не се обични избори, 14 луѓе жив гореа и наместо да има одговорност, ние го гледаме оној кој треба да понесе не само морална и политичка одговорност, туку и кривична го гледаме како кловн се шета и ги најавува како во циркус оние кандидати мали зоранчиња. Како не му е срам. Најлоши сме во справување со КОВИД пандемијата. Затоа што овие наместо да прават протоколи, да градат болници, и да набавуваат вакцини тие бркаа провизии“, појасни Мицкоски.
Мицкоски посочи дека крајот на власта се ближи, граѓаните на овие избори ќе излезат и ќе изберат нова иднина.