понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Дупките и калта им сметаат и на Македонците и на Албанците, затоа власта која краде ќе биде поразена

Мицкоски: Дупките и калта им сметаат и на Македонците и на Албанците, затоа власта која краде ќе биде поразена

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за вестите на Канал 5 телевизија, истакна дека додека ДУИ и СДСМ водат кампања која го дели народот, во меѓувреме истиот живее се полошо и дека проблемите на граѓаните се еднакви за сите, дупките и калта по улиците ги газат и Македонците и Албанците.

Мицкоски додаде дека СДСМ и ДУИ тоа го прават единствено за да си ги задржат привилегиите на власт и да продолжат да го крадат народот и дека нивната кампања и реторика е таа која ја враќа државата назад.

-Не може да бидете прогресивни и да водите политика дека вашиот политички противник е зло. Не може да бидете прогресивни а да правите ваква црна кампања со лаги и измами. Не може да велите дека правите прогресивна кампања и од зелена партија наеднаш да се ориентирате во националистичка како тоа ДУИ се бореле против ВМРО-ДПМНЕ во Тетово и Гостивар и како по ниедна цена да не биде градоначалник Македонец во Кичево. Но сопругата на кандидатот Александар Јовановски е Албанка со која имаат три дечиња. Тој доктор кој лечи и Македонци и Албанци, Турци, Срби, Роми подеднакво, тој не ги прашува што се, ниту тие го прашуваат што е, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека додека власта тера политика со која не враќа назад и го дели народот во Кичево нема улица асфалтирана, луѓето возат по дупки кал и по нив газат и Македонец и Албанец и Турчин и сите останати граѓани на Кичево.

Најнови вести