вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: ЕЛЕМ со 10% помало производство на струја оваа година во однос на лани

Мицкоски: ЕЛЕМ со 10% помало производство на струја оваа година во однос на лани

ЕЛЕМ бележи 10% помало производство на струја во однос на минатата година, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски во интервјуто за Призма.

Во своето интервју Мицкоски се осврна и на неодамнешните случувања во охридско-струшкиот регион, кога поради некадарноста и незнаењето на раководството на ЕЛЕМ се дозволи да се поплават Охридското Езеро и Глобочица и со тоа се нанесе голема штета, иако езерото кај Шпиље остана празно и имаше доволно простор да го прими вишокот на вода од Охридското Езеро.

Доколку  раководството на ЕЛЕМ навремено реагираше и знаеше добро да менаџира со водите немаше да се случат поплави, а вишокот на вода ќе можеше да се искористи за производство на струја чие производство оваа година е намалено.

– Во првиот квартал ЕЛЕМ произвел 10% помалку електрична енергија. Во година со релативно блага зима им се поплави Охридско Езеро, истовремено Шпиље останува празно, а Глобочица им се прелева. Тоа е некадарност и незнаење, а во исто време порив да се направи криминал по принципот ‘дрпај бегај’, рече Мицкоски.

Мицкоски  во интервјуто потсети дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ досега презентираа два скандали поврзани со ЕЛЕМ, додека тој како директор кога ја напуштил функцијата директор на ЕЛЕМ компанијата ја оставил со сo рекордно производство, со нула долгови кон доверителите и вработените и со 25 милиони евра депозити во банките.

 – Оставив и 14 развојни проекти, од кои два капитални, кои Владата ги поништи, за по 10 месеци да ги реобјави, но со услови соодветни само за двајца понудувачи наместо за 10 или 12 кои претходно ги одобрил Советот за јавни набавки, истакна Мицкоски.

Најнови вести