Состојбата е алармантна. Денес добив информација дека ЕСМ Трејд поранешно ЕЛЕМ Трејд набавило електрична енергија за потребите на граѓаните за 10 дена во ноември од 21 до 30 ноември во вредност од замислете 12 милиони и 100 илјади евра. Само за 10 дена, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на емисијата Утрински брифинг.
-Сега правиме анализа колку се потрошени пари за набавка на електрична енергија во ноември од страна на ЕЛЕМ поранешно, сегашно ЕСМ и мислам дека ќе дојдеме до фрапантна бројка која ќе биде еднаква на оние пари кои ги повлече владата од државните резерви, рече Мицкоски.
Тој укажа дека станува збор за пари на граѓаните, на народот.
-Тоа се ваши пари некаде околу 65 милиони евра. А допрва доаѓа зимата, допрва доаѓаат студентите месеци како декември, јануари, февруари, па би рекол и март во зависност од тоа каква ќе биде зимата, кажа Мицкоски.
Да се изразам фикуративно, рече тој, пациентот е пред хируршка интервенција и прашањето е зошто не се делувало превентивно, да не дојдеме во ваква ситуација.
-Уште во 5-6-ти месец предупредував дека ова ќе дојде, ама ме критикуваа, наместо да ја превенираат ситуацијата, рече Мицкоски.