Македонија е рекордер по број на смртни случаи од Ковид пандемијата, и наместо да бркаат протоколи, бркаа провизии за вакцини, и да мислам дека тоа мора се смени, а последно што разбрав е дека Европската развојна банка го прекинала финансирањето на изградбата на клиничка болница во Штип, рече Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во „Топ тема“ во Телма телевизија.
Тој истакна дека тоа е непотврдена информација иако се тврди дека за истото се има и доказ и вели дека треба да се смени Владата која не донесе ништо туку само уште една криза за граѓаните, а од ветувањата за европско здравство нема ништо.
Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе се однесува поинаку, иако можеби некој очекува да го бојкотираме Буџетот, тоа го правеше СДСМ кога беа во опозиција, ние поднесовме 220 амандмани кои ќе се аргументираат пред јавноста, вели тој.
-Ние имаме обврски пред граѓаните и ветувања кои треба да ги исполниме, а градоначалниците кои ги посетувам веќе имаат проекти, а јас ќе бидам присутен секаде кадешто сме ветиле дека ќе исполниме ветувања пред граѓаните, посочи Мицкоски.
Тој вели дека ќе се бори и понатаму на демократски начини да ја развласти власта на Заев, затоа што во земјава мора да се променат работите и да се врати надежта кај луѓето.