вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Го уништивте идентитетот со договорот со Грција

Мицкоски: Го уништивте идентитетот со договорот со Грција

Идентитетот претходно беше потврден, вие го уништивте Господине Заев.  Им ги избришавте корените на нашите деца, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ТВ дуелот со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Мицкоски истакна дека договорот кој што го потпишаа СДСМ и Зоран Заев со Грција е капитулантски чин, на тој начин се себе одрекуваме и ВМРО-ДПМНЕ  во ниту еден момент нема да го прифати со оваа содржина каков што е ваков.

-Таа содржина на овој договор не само што не ги заштитува нашите национални интереси, туку напротив вековно се одрекуваме.  Не нуди иднина и дополнително ги комплицира процесите.  Според овој договор ние сме Македонци како во резерват во овие 25.000 квадратни километри, вели Мицкоски.

Тој исто така го запраша Заев што се случи со македонската жица во која се колнеше во сопствените деца и предци дека нема жив човек кој ќе го смени името и го запраша Заев ако договорот е добар да одговори  на кој јазик зборуваат Македонците во Грција.

-На кој јазик зборуваат луѓето во Воден, а е различен од тој кои што го зборуваат Грците? Се срамите се плашите, се плашите не сакате за изустите дека Македонците во егејска Македонија зборуваат македонски јазик, истакна Мицкоски

Најнови вести