Човек не може да ги скрие позитивните емоции кога ќе биде присутен на еден ваков настан кога овде во спортски Бутел, во Љубанци пуштаме вакво игралиште кое има европски лик. Очекувам многу деца во периодот што следи да го користат истото и да прераснат во врвни спортисти овде од Љубанци кои ќе ја промовираат нашата Македонија надвор. Затоа што нема поголем промотор за една држава од спортистот, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Љубанци.
Бутел е носител на олимписко сребро, за нас значајно како злато и се надевам дека на следните олимписки игри нема да се задржи на тој сребрен медал туку ќе одиме на златен, зошто по уште, еден бронзен, сребрен и златен медал итн.
-Навистина делува сето ова прекрасно, благодарност до градежната компанија Жикол која во најголем дел го донираше ова спортско игралиште овде во Љубанци во општина Бутел да има ваков изглед и се надевам дека и останатиот дел од општествено одговорните компании во Македонија ќе го следат примерот на оваа компанија. Ќе напоменам уште еднаш дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ градат и ги поттикнуваат компаниите да бидат општествено одговорни и да донираат во средината, за разлика од власта којашто упорно само краде и не ја интересира ниту општествената одговорност, ниту ја интересира добробитот на населението во Македонија.
Додека некој работи посветено за граѓаните, некој од тие граѓани краде упорно, но не за долго. За кратко од денеска ќе има одговорност за секој кој се огрешил пред законот. Јас ветувам за тоа, нагласи Мицкоски.