недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Им оставивме 1,5 милијарди денари во РЕК, нема ништо од тие пари

Мицкоски: Им оставивме 1,5 милијарди денари во РЕК, нема ништо од тие пари

Новинарот на ТВ Тера го запраша Христијан Мицкоски дали е подобро решението за гасификација или топлификација на Битола преку РЕК.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека тие два проекта се паралелни, а не контрадикторни еден со друг.

-Пазарот ќе констатира кое е подобро решение и граѓаните сами ќе изберат. Се што ќе значи намалување на ПМ честичките, намалување на сулфурот во воздухот во битолско и пелагониско, ќе значи само додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните. Само нека работат, само нека ги донесат тие проекти во Битола. Тоа што сме го почнале, не мора ништо да измислуваат и онака не се кадарни да смислат друго. Тоа што сме го почнале тоа нека го донесат, посочи Мицкоски.

Тој вчера одржа митинг во Битола, а дента оствари средби со граѓаните. Го посети и пазарот во овој град каде ги слушна маките на луѓето.

-На пазарот се сретнав со граѓанин на Битола, ми кажаа дека три пати се поништува тендерот за канти за смет. Три пати градоначалничката го поништува тендерот за канти за смет. Тие не можат еден тендер за канти да реализираат како што треба, а не па вакви крупни проекти, истакна Мицкоски.

Потоа Мицкоски продолжи да зборува за состојбата во РЕК.

-Им оставивме пари тогаш. Им оставивме милијарда и петстотини милиони денари, тоа го потвдри и директорот на ЕЛЕМ. Им оставивме готови проекти, им оставивме се. Две години потоа што се случува? РЕК сега еднаш месечно излегува од погон. Се сеќавате на оние театрални прес-конференции на Васко Ковачевски? За да денес биде чест посетител на плажите на нашиот јужен сосед или со професионални фитнес тренери неговото семејство на дневна основа се занимава, истакна Мицкоски.

Најнови вести