Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Дебатираме на актуелни политички теми.
Го прашавме Мицкоски што се случува во Собранието, и кој го има мнозинството, а претседателот на опозицијата одговори дека нема мнозинство поради политичката некултура, алудирајќи на моментот кога поради еден пратеник, не падна владата.
„ВМРО-ДПМНЕ во моментот има најголем број на пратеници, најголем број градоначалници, најголем број на советници. Нема мнозинство во Собранието поради политичката некултура и поради други работи на кои јавноста беше сведок на тој 11. ноември. Но, тоа е друга тема“, рече Мицкоски.