вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Имавме успешни посети во Брисел, Будимпешта и САД кои ги искористивме за лобирање на Македонија

Мицкоски: Имавме успешни посети во Брисел, Будимпешта и САД кои ги искористивме за лобирање на Македонија

Имав една успешна посета најпрво во Брисел, па во Будимпешта, бев поканет на Молитвениот појадок во САД каде останав подолго од предвиденото бидејќи имав повеќе средби, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Отворено“ на ТВ24.

Тој посочи дека во Њу Џерси остварил средба и со македонските иселеници.

-Логично е да имаат интерес за она што се случува во нивната земја. Не се среќни од она што може да го видат од екраните, но се надевам можеа да добијат соодветни одговори од она што беше поставено како прашање од нивна страна, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски констатираше дека генерално неговите посети биле успешни кои ги искористиле за лобирање на Македонија.

-Од друга страна да ги претставиме нашите гледишта и чувства на она што се моментални состојби во Република Македонија, она што се вели практикување на политика од страна на владата на СДСМ. Не провејуваше нишка дека ние се жалиме, туку дека ги информираме и мислам дека соговорниците беа среќни од она што го слушнаа бидејќи секогаш второ мислење, особено поткрепено со факти и аргументи е добредојдено, нагласи Мицкоски.

Најнови вести