вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Иселениците се составен дел од нашата земја, негативната кампања кон нив е кампања против Македонија

Мицкоски: Иселениците се составен дел од нашата земја, негативната кампања кон нив е кампања против Македонија

Во изминатите неколку денови забележувам интензивна, поширока негативна кампања насочена кон македонските иселеници кои ја сочинуваат нашата дијаспора, генерализирајќи и критикувајќи ја нивната улога и дејствување, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

-Изворот на повеќето вакви навреди се оние кои во минатото политички манипулираа со оваа тема, па се прикажуваа за лажни душегрижници, еден ден правејќи театар редеа чевли на иселените пред владата, друг лицитираа со бројки на иселени без било каква математична и научна прецизност, трет ден бараа да се укине нивното право на глас на изборите и се така до недоглед. Денес гледаме сосема поинаква слика, епозода во која повеќе иселениците не се тема за владата, нема бројки за тоа колку се вратија во потрага по “животот” кој толку многу го најавуваа дека ќе дојде, но затоа гледаме една црна кампања без основа. Јас би преферирал да сме прецизни и јасни. Македонската дијаспора е составен дел од ткивото на оваа држава, тие се македонци, кои имаат право на свое мислење, глас и се нераскинлив дел од оваа држава, со свои домови, роднини по нашите села и градови. Нам како држава не ни е потребна уште една основа за поделба и на така веќе поделеното граѓанско ткиво, напиша Мицкоски и додаде:

„Јас никако не би го намалувал нивното значење и во економска смисла. Дијаспората во вид на девизни дознаки во 2017та година испратила 194 милиони евра во Република Македонија, пари кои се потрошени во нашата држава. Дополнително преку менувачниците разменети се 1.2 милијарди евра, од кој добар дел се пари донесени од македонската дијаспора. Затоа, негативната кампања кон иселениците е кампања против својата земја, против својот народ и тоа ние не смееме да го дозволиме. Македонецот во Лондон, Вашингтон или Камбера не се разликува од сите ние кои живееме во нашата Македонија, затоа што споделуваме една заедничка мисла, сон и идеја за подобра Република Македонија во која цврсто и непоколебливо верувам“.

Најнови вести