понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Ја охрабрувам владата да го прифати нашето барање за да се зголемат платите во образованието

Мицкоски: Ја охрабрувам владата да го прифати нашето барање за да се зголемат платите во образованието

Апсолутно да, јас тоа го кажав и во неколку наврати. Ние како ВМРО-ДПМНЕ и јас лично апсолутно ги подржувам протестите на овие луѓе бидејќи тоа е само практично процес кој што следи на оној процес кој што го започна владата а тоа е зголемувањето на минималната плата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали ги поддржува протестите на синдикатите.

Мицкоски упати барање до владата на СДСМ да се издигне над ниските страсти и да ги прифати барањата на ВМРО-ДПМНЕ во собранието со кој што платите ќе бидат нивелирани согласно компетенциите и сложеноста на работните места, се со цел да се спречи незадоволството и кај синдикатите и кај вработените во образованието.

– Ја охрабрувам владата еднаш да се издигне над ниските страсти и личните фрустрации да го поддржи барањето на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот, носењето на законот со кој што платите ќе бидат нивелирани согласно компетенциите и согласно сложеноста ан работните места и на тој начин ќе го спречи овој излив на незадоволство кај вработените и во синдикатите и помеѓу вработените во образованието. Така што еве ја охрабрувам владата да застане еднаш над своите партиски интереси и да го слушне гласот на работникот и гласот на народот, посочи Мицкоски.

Најнови вести