„Направив една споредба на цените на електрична енергија што ги плаќаат компаниите, оние кои што се од мал обем и оние кои што се од среден обем односно кои што трошат меѓу 500 и 2.000 мегават часови годишно. И ова не го објавува Христијан Мицкоски туку ова го објавува Еуростат“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека цените се однесуваат на второто полугодие од 2021 година, пред речиси една година од денеска.
„Тогаш бизнисот во Македонија плаќал просечна цена од 144,5 евра за мегават час, просечна цена со сите давачки вклучено. За разлика од македонските бизнисмени, црногорските плаќале да речеме 79,2 евра за мегават час односно македонските бизнисмени за 82% поскапа електрична енергија. Во однос со српските бизнисмени, македонските плаќале за 38%. А, во однос на турските бизнисмени, македонските плаќале за 66%. Во однос на босанско херцеговските 70% фантастични, а во однос со косовските речиси два пати односно 98% поскапа електрична енергија плаќале македонските бизнисмени. А, во однос на хрватските 12%, во однос на словенечките 18,5%“, нагласи Мицкоски.
Тој додаде дека државата има доволно пари да помогне на бизнисот и треба да му се помогне.