Денеска на 02.07.2022 во 19:00 часот, по пристигнувањето пред платото на Владата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски ќе даде изјава за медиуми непосредно пред почетокот на сенародниот протест „Ултиматум – Не благодарам“.
Протестот е организиран по бурните негативни реакции во јавноста откако Владата вчера го објави францускиот предлог за деблокирање на евроинтеграциите на земјава. Според власта овој предлог е солидна основа за градење став и во него се инкорпорирани сите наши барања и забелешки. Спротивно на тоа, опозицијата смета дека предлогот ги содржи сите бугарски барања и се приклучи на иницијативата за протест кој ќе се одржи вечер во 19 часот на платото пред Владата.