Денеска започнуваме од овде од Гази Баба со акцијата која што ќе трае цело лето, а тоа е презентација на политиките Македонија за сите луѓе, рече во изјава за медиумите пред почетокот на трибината „Македонија за сите луѓе“ во Автокоманда лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски.
-Денеска ќе зборуваме за две многу значајни теми, а тоа е навидум би рекол занемарени од страна на јавноста а тоа се енергетиката и животната средина или екологијата, две клучни теми кои што според нас како ВМРО-ДПМНЕ, како коалиција на следните локални избори ќе бидат значајни за граѓаните.
Денеска ќе зборуваме како акцизата како данок која што ја наметна владата пред две години од три денари плус на данокот на додадена вредност повторно да се врати назад, преку проектите за образованието, културата, спортот тоа се отприлика по 600-тини милиони денари годишно за образованието, 600тини милиони денари за културата и 600-тини милиони денари за спортот годишното, или за четири години тоа е 2, 4 милијарди денари по област или вкупно 7,2 милијарди денари или 120 милиони евра, изјави Мицкоски.
Тоа се сериозни пари кои што во овој момент не знаеме каде завршуваат, односно завршуваат во непродуктивни трошоци, завршуваат во поткуп, завршуваат во пљачка, се криминализирани, кај корумпирани политичари кои што се дел од власта.
Денеска ќе зборуваме како до гасификација на домаќинствата, како до најмалку 50 проценти гасифицирани домаќинства во нашата Македонија, со бесплатен приклучок за гас, без дополнителни трошоци, ќе зборуваме како до поевтина струја преку произведување на електрична енергија, а тоа ќе го постигнеме со продолжување на работниот век и модернизирање на производните погони, тоа се рударско енергетскиот комбинат во Битола и рударско енергетскиот комбинат во Кичево.
Ние имаме тука сосема спротивна политика од владата на СДСМ, ние зборуваме како да го модернизираме и да го продолжиме работниот век на термоцентралата Битола, и термоцентралата Осломеј најмалку до 2040 година.
Ќе зборуваме за подобрување на животната средина, на екологијата, најмалку 50тина проценти поквалитетен воздух за граѓаните споредено со оваа ситуација која што е денеска. Ќе зборуваме за темите кои што навистина живот значат за граѓаните и кои што ќе бидат значајни во периодот кој што следи а тоа се овие локални избори, истакна Мицкоски.