Ќе направиме економски бум за Македонија и за македонските граѓани, така што годишно, ќе ги реализираме минимум 90% од предвидените капитални инвестиции во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијаан Мицкоски.
Тој во емисијата „Клан дебата“ на телевизија Клан Македонија, посочи дека во Македонија ќе отворат истражувачки развојни центри, со кои младите ќе ги задржат во земјата и на тој начин Македонија ќе му извезува на светот памет.
Мицкоски рече дека имаат сериозен план и моќна стратегија преку која ќе го реализираат тоа и со кои не очекува вистински голем инвестициски бум.
– Она што го зборувам многу пати, развојни истражувачки центри, со кои практично ќе ги задржиме младите тука, во Македонија, кои што ќе извезуваат памет, народски кажано. Планот е сериозен, стратегијата е навистина моќна и очекуваме голем инвестициски бум и рапиднна реализација на капиталните инвестиции. Ние се обврзавме за минимално годишно инвестирање, отприлика минум околу 90-тина проценти од она што го предвидуваме во капиталните инвестиции. Така што, навистина очекувам економски бум и за Македонија и за граѓаните на Македонија, констатираше Мицкоски.
Тој објасни дека втор столб, кој што е многу значаен за развојот на економијата е реиндустријализацијата на Македонија и пристапот на привлекување на странски директи инвестиции кои ќе бидат со голема додадена вредност.
– И вториот столб кој што е многу значаен е реиндустријализацијата, кој што нашиот пристап. Пристапот кон привлекување на привлекување странски директни инвестиции, кои што ќе значат голема додадена вредност, квалитетни странски инвестиции. Бидејќи во минатото, привлекувањето на странските директни инвестиции се темелеше на лон производство, односно инвестиции со мала додадена вредност. Тоа си завршија добра работа во тоа време кога тие инвестиции биле привлекувани, рече Мицкоски и додаде дека сега е време да привлекуваме пософистицирани инвеститори со висока додадеда вредност.
Мицкоски појасни дека сега е полесно за привлекување странски инвестиции затоа што сега веќе Македонија се наоѓа на картата на инвеститорите и тие знаат со каков квалитетен кадар располагаме.
Тој најави дека во првите 100 дена од формирањето на Владата ќе објави нови три странски директи инвестиции кои ќе инвестираат во Македонија.
– Сега Македонија е на картата на инвеститорите, тие знаат за нашата земја, знаат за каков квалитетен кадар станува збор и ценам дека со овој пристап и оваа визија која што ја имаме, тоа и ќе успееме да го реализираме. Јас најавив на неколку телевизиски настапи, дека во првите 100 дена ќе најавиме три инвестиции, кои што ќе бидат мулти интернационални компании, кои што ќе бидат сериозни инвестиции кои за прв пат ќе дојдат да инвестираат, вели Мицкоски.