недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Ќе поднесеме иницијатива до Уставниот суд за да не може ЕВН да исклучува броила на социјално загрозени семејства

Мицкоски: Ќе поднесеме иницијатива до Уставниот суд за да не може ЕВН да исклучува броила на социјално загрозени семејства

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поднесе иницијативата до Уставен суд ЕВН да не може да ги исклучува броилата поставено на Фејсбук сесијата во живо рече дека истата ќе биде поднесена во среда.

-Јавноста ќе биде информирана и за деталите од оваа Иницијатива, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека очекува непристрасно разгледување на истата од страна на Уставниот суд.

-Со Иницијативата се забранува да бидат исклучени броилата доколку не бидат сервисирани обврските од страна на граѓаните, посочи Мицкоски и укажа дека граѓаните во оваа ситуцаија посебно не можат да го сторат тоа навремено.

Најнови вести