Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за порталот Прес24 на прашањето кои ќе бидат првите три работи што Мицкоски ќе ги направи кога ќе влезе во владиниот кабинет, откри дека ќе се откаже од привилегии кои што доаѓаат со премиерската функција.
-Ќе се откажам од дел од привилегиите кои следуваат со функцијата, ќе предложам на седница на влада мерки за намалување на даноците, нешто чии детали ќе ги објавам во приодов што следи, и ќе предложам акциски план за младите и пензионерите со чии мерки ќе се влијае на подобрување на нивната состојба, открива во интервјуто за Прес24 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски.