вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Континуирано се гради во Свети Николе, водоводи, нов асфалт, детски игралишта, ќе се реализираат и проекти кои не беа ветени кои ќе значат поквалитетен живот за жителите

Мицкоски: Континуирано се гради во Свети Николе, водоводи, нов асфалт, детски игралишта, ќе се реализираат и проекти кои не беа ветени кои ќе значат поквалитетен живот за жителите

Денеска сме повторно овде во Свети Николе, градоначалникот Дејан кажа за проектите кои што се во тек. Имаме интересна прогноза дека за 2,5 до 3 години целата програма која што беше дел од предизборната кампања ќе биде реализирана и навистина се радувам што тоа е така. Така што ќе имаме можност повеќе од година дена за да реализираме проекти кои не беа ветени, а сигурно тоа ќе го ценат граѓаните на Свети Николе, изјави за медиумите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој истакна дека стотици километри водовод, канализација, асфалт, нови детски игралишта, проекти кои генерално новата администрација предводена од градоначалникот Дејан Владев ги има реализирано и тоа е добро.

– Добро е да се продолжи во таа насока, затоа што тоа им треба на граѓаните за да направат разлика од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои континуирано градат и оние кои денеска се уште се во владата и кои што континуирано крадат. Таа разлика е многу значајна да се направи затоа што ни претстојат избори во периодот кој следи, предвремени парламентарни избори и тогаш треба да се направи суштинска разлика за да можеме заеднички со ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните да ја градиме Македонија. А овие кои ја крадеа Македонија да одговараат за тоа што го направија. Не ми преостанува ништо друго освен да му честитам на Дејан и тимот кој работи со него во општина Свети Николе, да им посакам уште многу вакви проекти дадениот збор да си го одржат, за 2,5 до 3 години откако ја презема функцијата градоначалник да ја реализира програмата која ја ветуваше на изборите и да реализира и други десетици проекти кои ќе значат поквалитетен живот за жителите на Свети Николе, додаде Мицкоски.

Најнови вести