Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва во ТВ21 посочи дека лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски кој му се поклонуваше на Заев како прв чин, не може од него да се очекува промена од претходното однесување на Заев.
-Ковачевски е човек без политички легитимитет, без изборен легитимитет, ќе треба да наметне свој авторитет, ќе треба да направи одредени реформи, ќе треба да воведе една дисциплина, но тоа е се „ќе треба“, вели Мицкоски.
Тој вели дека реалноста е дека математиката на Заев е дека Ковачевски ќе биде една кукла којашто ќе може да ја манипулира и контролира,а истото се видело со тој поклон кон Заев.
Тој поклон дента кога беше избран говори се, бев вчудоневиден кога истото го видов, и ние по тоа не можеме да очекуваме некоја промена на претходното однесување на Заев, посочи Мицкоски.