петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Македонија доби капитулански договор, но не доби датум за преговори со ЕУ

Мицкоски: Македонија доби капитулански договор, но не доби датум за преговори со ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека покрај денешното разочарување околу добивањето на датум за преговори со ЕУ е и вчерашното разочарување од она што го кажа генералниот секретар Столтенберг дека додека не се случат уставните промени нема да има покана за членство во НАТО.

Според него ова е тажен период за Република Македонија. Тој се надева дека ова ќе заврши што побрзо и ќе биде заборавено од граѓаните на Република Македонија и сите оние кои си ја сакаат сопствената држава без разлика на нивниот етникум.

-ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани сакаат да живеат во подобра држава и сакаат да бидат среќни и да не стравуваат за нивната иднина. Во моментов имаме работа со Влада која прави егзебиционизам на дневно ниво и која не може да ни понуди ништо добро. Тоа е суштината. Македонија доби капитулански договор но не доби датум за преговори со ЕУ. Сите сакаме Македонија да биде дел од НАТО од ЕУ, но за жал овие луѓе не само што немаат капацитет да ги решат реалните проблеми на граѓаните туку комплетно потрфлија во дипломатијата, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека од позитивниот дух кој бил наметнат од Владата очекувал да се добие датум за преговори за членство во ЕУ, но од тоа не биднало ништо. Исто така Мицкоски потенцираше дека во овој момент исто така најмалку што очекува е како гест на морален чин министерот за надворешни работи Никола Димитров да си поднесе оставка.

Најнови вести