четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Мојот политички противник е СДСМ, а не поединци и помали групи во ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Мицкоски: Мојот политички противник е СДСМ, а не поединци и помали групи во ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Свесен сум во каква атмосфера поминува овој конгрес, на моменти презатрупан со шпекулации и наметнати нереални теми. Но тоа е за жал состојбата во која е политиката денес. Јас ќе се трудам политиката утре да биде поразлична. Свесен сум за сите очекувања од мене лично, изјави новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Конгресот во Валандово.

-Исто така сум свесен и за сите сомнежи во мене, кои сигурно се донекаде оправдани, посебно заради фактот што сум немал досега можност да носам крупни одлуки, или да бидам тестиран подолг период во однос на се она што се наметнува како дилема во однос на мене овие денови, а веројатно ќе лебди и кусо во периодот понатаму. На несмасните брифирања од неименувани партиски извори дека ќе сум бил нечија марионета, ќе одговорам само дека мојата работа и начинот на работа убеден сум дека ќе го докажам спротивното, но нема да се оптеретувам со овој вештачки и намерно измислен императив со цел да се занимаваме како партија сами со себе, без разлика што можеби тоа го брифираат и некои реални луѓе со разни иницијативи. Јас немам намера да штитам непринципиелни работи, и нешто во што не верувам и е спротивно на нашите вредности, мојот политички противник е СДСМ, а не поединци и помали групи во ВМРО-ДПМНЕ, и ќе работам на надминување на отворените прашања кои ќе се наметнуваат низ дијалог и дебата во рамки на партијата, но никогаш нема да се доведам во ситуација јавно да прозивам или внатрешната дебата да се претвори во театар кој ќе оди во прилог на политичкиот противник, рече Мицкоски.

Најнови вести