четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Мора да се стави крај на политичкиот притисок и одмаздата, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати посилно од порано (ВИДЕО)

Граѓаните имаат изневерени очекувања и општ застој, Македонија може и мора подобро. Граѓаните единствено се обединети во својата мака, беспарицата е заеднички проблем , Македонија мора да почне да оди напред. Мора да се стави крај на политичкиот притисок и одмаздата, Владеењето со страв е еднонасочна улица. Следете ме и оваа нова година ќе биде година на нова надеж, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати посилно од порано. Ова се дел од клучните пораки испратени од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото новогодишно обраќање.
Мицкоски: Мора да се стави крај на политичкиот притисок и одмаздата, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати посилно од порано (ВИДЕО)

Граѓаните имаат изневерени очекувања и општ застој, Македонија може и мора подобро. Граѓаните единствено се обединети во својата мака, беспарицата е заеднички проблем , Македонија мора да почне да оди напред. Мора да се стави крај на политичкиот притисок и одмаздата, Владеењето со страв е еднонасочна улица. Следете ме и оваа нова година ќе биде година на нова надеж, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати посилно од порано. Ова се дел од клучните пораки испратени од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото новогодишно обраќање.

Вобичаените протоколи на новогодишните обраќања налагаат да се даде еден осврт на годината што изминува.

Јас сум убеден дека секој од вас ги чуствува предизвиците, тешкотиите и негативните последици од лошиот стандард, политичките турбуленции, затегнатоста на односите. Затоа јас ќе се задржам на денешната реалност и чекорите во иднина. Граѓаните имаат изневерени очекувања. Клучните владини ветувања за подобар живот не се исполнуваат. Имаме општествен, економски и политички застој.

Економската слобода е загрозена. Таа е темелот на сите човекови слободи и детерминанта за развој на општеството. Држава без економска слобода е земја на несреќни граѓани. Недостатокот на економската слобода се решава единствено со концепт базиран на реални и конкретни чекори. Потребни се силни вложувања во капиталните инвестиции и раст од најмалку 4 отсто за да постигнеме реално и квалитетлно зголемување на стандардот. Потребни се суштински мерки во бизнисот и поддршка од државата. Невработеност под 10 осто. Неопходна е силна фокусираност на инвестициите кои ќе отворат нови работни места. Но каква е реалноста? Пензиите и платите не се зголемуваат, а просечната плата од 500 евра ја нема. БДП во првите три квартали забележува пад од 0.4 отсто.

Проблемите во земјоделието се мултиплицираат. Не се само намалените субвенции, туку пазарот на земјоделски производи е изгубен. Несигурниот пласман значи загуба во заработката и неизвесност кај земјоделците. Во енергетиката нема напредок. Наместо енергетска стабилност се раѓа нова енергетска зависност. Следи ново поскапување на струјата, а вистинската гасификација е заглавена. Се воведе евтина тарифа, која сега пак најавија дека ќе ја укинат. Поскапува дизелот како резултат на зголемување на акцизите за нафта, а данокот на добивка и персоналниот данок е извесно дека ќе го зголемат. Граѓаните единствено се обединети во својата мака, затоашто беспарицата е заеднички проблем за многу смејства.

Европската Унија и НАТО мора да станат достижни цели, а членството таму е резултат на макотрпна работа, а не протоколарни состаноци и опасни импровизации. Потребен е политички дијалог, политичките субјекти во Македонија не смеат да бидат непријатели, туку конкуренти чиј натпревар е обезбедување подобар живот за граѓаните. Дијалогот е двостран процес. За него е неопходно разбирање и поддршка базирана на принципиелни основи. Секако дека има работи за кои како партија ќе оцениме дека вреди да се поддржат и за кои сме убедени дека се од интерес за граѓаните. За да има дијалог, мора да има слобода за искажување на критичката мисла. За да има слобода, мора да се стави крај на политичкиот притисок и одмаздата. Прогонот раѓа и желба за одмазда, а тоа е бумеранг кој се враќа. Владеењето со страв е еднонасочна улица. Ние не смееме да станеме општество заложник на омразата и прогонот.

Знам дека надежта кај многумина од вас е мала, но таа не смее да исчезне. Македонија може и мора подобро. Македонија мора да оди напред. Следете ме и оваа Нова Година ќе биде година на нова надеж, и година кога граѓаните ќе ја препознаат вистинската енергија која може да направи подобра иднина за сите. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи и внатрешни промени. И ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати посилно од порано.

На крај, дозволете на секој од вас, да му посакам лична среќа и пред се добро здравје. Сакајте ги блиските, нека новата година донесе исполнување на вашите планови на личен и професионален план, но пред се љубов, разбирање и напредок во семејството.

Нека Ви е среќна и успешна Новата 2018та година!!!

Најнови вести