недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: На народот власта наместо иднина, му нуди криминал

Мицкоски: На народот власта наместо иднина, му нуди криминал

При гостувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашната емисија „Топ Тема“на Телма, тој кажа дека власта наместо иднина, на народот му нуди криминал.

Тој потсети на поголем број криминални афери на власта, нагласувајќи дека истите не се европски вредности.

– Некој преговараше за нешто што не е во можност да го испорача. Само за да може за да си го спаси сопственото портфолио лично, да ужива привилегии, а притоа граѓаните да не добијат никаква гаранција за подобра иднина, потенцираше Мицкоски.

Тој запраша: „Можам ли јас да бидам против овој договор, демократско мое право е да бидам против, може ли ја да бидам апстинирам, па демократски мое право е“.

-Дајте луѓето да ја слушнат вистината, не е вистината бесплатно здравство во ЕУ, не е вистината за бесплатно образование, а во позадина имаме 36 милиони евра тендери, имаме криминални иновации, нагласи Мицкоски

Најнови вести