недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски на средба со граѓаните во Свети Николе: Секогаш кога СДСМ е на власт Македонија губи по нешто и ја има се помалку

Мицкоски на средба со граѓаните во Свети Николе: Секогаш кога СДСМ е на власт Македонија губи по нешто и ја има се помалку

Со граѓаните на Свети Николе вечерва средба оствари претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Им реков дека секогаш кога СДСМ е на власт Македонија губи по нешто и ја има се помалку. Порано тоа беше знамето преку неговата промена, прифаќањето на референсата ФИРОМ, спокојот и сигурноста која беше одземена преку криминалната транзиција. Го паметиме и оној фамозен 15-ти септември каде ветуваа по еден вработен од секое семејство, и оние многу потоа кои се случија, а кои беа доказ дека излажаа. Ни ветуваа иднина кога требаше да се прифати територијалната распределба, а ништо од тоа не видовме, информира за средбата Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук.

Тој посочува дека животот кој неодамна го ветуваа се претвори во колективно страдање на народот.

-Истите лаги, истите фарси, но заедничко е што Македонија полека ни се одзема. Сега пак ни викаат дека треба да се откажеме од нешто, и овој пат сакаат да го изгубиме името, идентитетот, достоинство. Европската иднина со овие луѓе на власт е далечна цел, затоа што човекот кој ни ја нуди е истиот оној Заев од она видео како бара поткуп, евро за Црквата, евро за Вицето, човек кој го дели народот и прогласува непријатели, човек кој во овие бурни времиња зарива нож во грбот на својот народ. И притоа притисоците, заканите и уцените врз граѓаните не престануваат само за да го поддржат ова капитулантско дело, но ви велам дека ќе дојде време кога за ова што сега го прават и за многу други прекршувања на законот ќе одговараат. А Македонија ќе победи и ќе оди напред, стои во објавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести