Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со просветните работници во Охрид.
-Се обврзав да работиме за подобар стандард, враќање на достоинството, исправање на неправдите кон оваа група вработени, подобри услови и повисоки плати. Обновата е неопходност која подразбира план за развој. Нашиот план е зголемување на просечните плати за 25%, намалување на невработеноста под 10%, поддршка на образованието. Потребна е визија и план за развој. Ние таа ја имаме и ќе ја исполниме по победата на 12 април. Заедно, одговорно и посветено, вели Мицкоски.