понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски на средба со стопанствениците во Велес најави инвестиции за развој на Македонија во вредност од не помалку од 2 милијарди евра

Мицкоски на средба со стопанствениците во Велес најави инвестиции за развој на Македонија во вредност од не помалку од 2 милијарди евра

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со стопанствениците во Велес.

„Овој град заслужува поголемо внимание и инвестиции. Моторот на една економија се инвестициите во која мора поголем ангажман да даде и владата.
Програмата која ќе ја понудиме на граѓаните ќе понуди многу конкретни проекти но и мерки кои ќе бидат наша стратешка определба. ВМРО-ДПМНЕ во 4 годишниот мандат ќе реализира проекти, капитални инвестиции за развој на Македонија во вредност од не помалку од 2 милијарди евра. Странски инвестиции, домашни инвестиции, во вредност не помала од 4 милијарди евра, и секако враќање на рамниот данок и сукцесивно намалување по половина процент секоја година повеќе од милијарда денари назад во бизнисот. Како ќе го направиме сето ова, прецизно ќе биде обработено во програмата која следи. Македонија може и има шанса. Следуваат промени и обнова која доаѓа“-порача тој!

Најнови вести