недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Над 7.000 луѓе го загубија животот поради пандемијата, дури 11 градови во државата имаат помалку од 7.000 жители

Мицкоски: Над 7.000 луѓе го загубија животот поради пандемијата, дури 11 градови во државата имаат помалку од 7.000 жители

Долг период бевме на прво место во Европа по бројот на смртни случаи, а моментално сме трети во светот. За огромна жал над 7.000 луѓе го загубија својот живот поради пандемијата, сликовито што тоа значи за мојата земја ќе ви го објаснам дека дури 11 градови во државата имаат помалку од 7.000 жители, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за дневниот весник „Политика“.

Мицкоски посочи дека најкасно земјава доби вакцини во регионот, затоа што кога тој апелираше тоа да се направи македонската влада сметаше дека потребно е да чека на европските вакцини, а во исто време организираше приватна фирма за скапи провизии да набавува кинески вакцини.

„Дополнително пред еден месец се случи ужасна трагедија во Тетово кога се запали КОВИД болница каде живи изгореа 14 пациенти, наместо одговорност институциите излегоа со штуро соопштение дека кабелот од болницата е виновен, а не министерот за здравство или неговиот заменик што е неприфатливо. Оставка не си поднесоа ниту поради морални причини, а не пак друг вид на одговорност. Тоталната отсутност предизвика огромна трагедија и фијаско во справувањето на КОВИД кризата. Навистина сум загрижен поради таквата состојба“, нагласи Мицкоски.

Најнови вести