Можеби спортот и спортските портали не треба да се занимаваат со политика и политички теми, но вечерва се случи нешто за кое треба да се обрне внимание.
Во „Топ Тема“ на Телма слушнавме една одлична најава како спасително решение за спортот во Македонија. Гостин Христијан Мицковски, лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ. Со неговиот домаќин водителот Атанас Кировски темата за економија ја наведоа на спорот, спортските настани и спортистите.
„Од акцизата за нафтени деривати која е зголемена за 3,5 денари ние ќе одвоиме еден денар за спортот, спортските федерации и клубови, а останатите 2,5 денари ќе укинеме. Секојдневно сме сведоци на проблемите со кои се соочуваат спортските клубови. Вчера бев сведок на еден немил настан со клубогт од мојата младост. Исклучена била струјата на академијата во клубот. На спортот му треба помош а тој денар е едно од решенијата“, најави Мицковски.
Оваа идеја е одлична и ветува дека многу ќе им помогне на спортистите и федерациите. Токму спортот години и години никако да добие вистинска помош. Се носеа закони, решенија, ваучери но од сето тоа се уште нема ефект. Според пресметките еден денар од акцизите на нафтата се околу 16-17.000.000 евра!
Огромна сума и огромна шанса за спортот. Меѓу другото Мицковски и Кировски се заложија за заштита и на домашните медиуми кои долги години се жртви на странските компании кои ги имаат ТВ правата за нашите клубови и национални селекции.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ најави дека со заштитата на домашнитте ТВ компании ќе се заштити и нашиот македонски јазик. Оваа кампања е актуелна со години и години но никој до сега не најде спасително решение. Да гледаме наша национална селекција или клуб со српски коментатори. Тоа го има само тука кај нас во Македонија.
Секоја чест за идејата и најавата за македонски спорт на макеоднски јазик. Апел до сите политичари. Борете за спортот!
“Спортот го обединува народот. Победите на репрезентациите ја радуваат нацијата“, беше заклучокот на Христијан Мицковски.
Извор: Спортмедиа.мк