Цените на суровата нафта скокнале утрово за повеќе од четири долари по барел поради продолжувањето на борбите меѓу палестинската милитантна група Хамас и Израел кои започнале во саботата.
Сировата нафта „Брент“ при утринската трговија на азиските пазари се продавала за речиси 88 долари по барел, а американската нафта „WTI“ за 86 долари по барел, што е зголемување од преку три проценти во однос на цената која била актуелна на затворањето на берзата во петокот, пренесува порталот „oilprice.com“.
Растот на цените на нафтата уследил по најголемиот напад на Израел во последните неколку години, откако во саботата во раните утрински часови милитантите на Хамас влегле во земјата преку копно, море, па дури и воздух и ги нападнале израелските градови.
Цените на нафтата брзо реагирале на влошувањето на безбедноста на Блискиот исток и веројатно и натаму ќе бидат чувствителни на промени.
Аналитичарите на банкарската групација „Goldman Sachs“ сметаат дека најновите настани би можеле да ја одложат нормализацијата на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија, пренесува „Bloomberg“.