Посакуваат апатија, посакуваат да мислите дека сите се исти, посакуваат сите да ги измачкаат со сопствената кал. А, на граѓаните им е преку глава од секојдневните партиски препукувања, превирања без резултат. Тие сакаат да не се зборува за вистината, и затоа денес едно зборуваат, утре сосема друго. Обновата е неопходна, затоа што резултатите се неопходни. Образованието и културата се области кои мора да го имаат должното внимание. Образованието е темелот на секој општествен развој, а културата е она по што се препознава една земја. Токму затоа ние се обврзуваме на работа и обнова која ќе донесе повеќе резултати, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.
Се обврзуваме на:
✅Изградба на нови 20 и реконструкција на 50 училишта
✅Поголеми примања за Универзитескиот кадар (до 100 000 денари плата за редовни професори, до 80 000 денари плата за вонредни професори, 60 000 денари плата за доценти, до 45 илјади плата за асистенти на факултети)
✅Поголеми плати за наставниот кадар во основното и средното образование. Плата до 36. 700 денари согласно Колективниот договор
✅Повеќе пари во образованието. Зголемување на инвестициите од 3.7% на 5% од БДП
✅Делегиран буџет за културните установи
✅Стимулирање на инвестициите на приватниот бизнис во културата
✅Изградба на нови театри во Прилеп, Охрид и Скопје
✅Намалување на ДДВ од 18 на 5% во културата
✅Унапредување на македонскиот јазик како наше идентитеско обележје
И многу други проекти.