петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Наместо префрлање на топката од ДКСК на Владата, власта нека започне со разрешување на 120-те функционери

Мицкоски: Наместо префрлање на топката од ДКСК на Владата, власта нека започне со разрешување на 120-те функционери

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски од Охрид рече дека ДКСК и Владата сега си ја префрлаат топката на одговорност околу аферата „Тајни имоти“.

– Зошто кријат имоти, тоа е вистинското прашање. Зошто ги кријат имотите и не ги пријавуваат ако тие имоти имаат потекло, се спечалени, купени на легален начин со работа инт. Зошто имаат потреба да ги кријат и да не ги пријавуваат? Тоа мене не ми е јасно, рече Мицкоски.

– Па, сега прават некакви политички гимнастики, не сум јас виновен, ти си виновен, не е Владата, Антикорупциска е и сл. Ако навистина еве има чесна намера Владата и луѓето во Владата тогаш веднаш нека почнат со разрешување на овие повеќе од 120 функционери кои што во моментов кријат имот поголем од 30 милиони евра, заклучи Мицкоски.

Најнови вести