Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во пресрет на православниот празник Стара нова година беше на Василичарска средба во населбата Даме Груев.
По тој повод објави и статус на Фејсбук.
-Вечерва во пресрет на празникот Св. Василиј Велики бев на Василичарската средба што за таа цел се организира во населбата Даме Груев, во скопско Ѓорче Петров.
Убава Македонска и Христијанска традиција каде се сретнав со граѓаните, посакав добро здравје, подобар живот и исполнување на личните желби.
Можеше да се забележи една заедничка грижа, едно горко чуство кај граѓаните, силен товар и мака, од промената на името и неправдата која му се нанесе на нашиот народ и држава оваа власт.
Ние како ВМРО-ДПМНЕ мора да настојуваме и ќе настојуваме таа неправда да биде исправена. Нашата задача не е борба за гола власт, туку пред се нашата цел е Македоноја да престане да губи, а тој процес единствено ќе престане доколку оваа власт си замине.
Македонија горда, достоинствена, заедничка, стаменита, исправена и напредна.
Ова е нашата цел и нашата задача. И оваа цел ќе ја исполниме заеднички, обедените и силни, затоа што нам ни треба силна Македонија!, стои во статусот на Мицкоски.