Поминавме низ многу градови, многу села. Посетивме поголеми и помали места. Иста е маката, ист е чемерот, ист е јадот кај нашите сограѓани. Од север до југ, од исток до запад, тешко и мачно се живее. За да дојде до промена и до нови парламентарни избори потребна ни е победа на претседателските избори.
Ова го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од вечерашниот митинг во Виница.
-Ова не се само претседателски избори, ова е многу повеќе од тоа. Ова е крај со остатоците од транзицијата. Ова е крај од криминалното семејство кое до ден денешен крстари по Европа со Мерцедес Мајбах и Бентли. Ова треба да биде крај за недостоинствена Македонија. Ова треба да биде крај за криминалците во Република Македонија. Затоа ни е потребна понуда, на 21-ви април масовно да излеземе и да го поддржиме нашиот кандидат, идниот претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова. На 5-ти мај повторно масовно да ставиме точка и да се избориме да остане институцијата претседател на Република Македонија, честита, искрена, независна и вмровска, порача Мицкоски.
Тој пред големиот број на насобрани граѓани испрати порака до Зоран Заев, кој вчера порача дека ќе правел селфи со него.
– Ќе направиме селфи господине Заев, но прво ќе треба да ги вратиш осум ипол милиони евра што ги украде од Глобал. Ќе треба да ги вратиш и оние евро за Вицето и евро за црквата. Дури после тоа, господине Заев, јас и вие ќе правиме селфи, ама во друга просторија кога ќе те испратиме. Не пред Владата. До тогаш, само ќе се смееш на селфито на твојот нов пријател, господинот Ципрас. Ќе го гледаш и ќе се смееш додека ти беше срам да ја построиш македонската гарда и воениот оркестар да ја интонира македонската химна. Затоа што се срамеше да слушнеш дека денес над Македонија се раѓа и дека Македонците се борат за своите правдини. Нели било само за договорот? Не било. За пусти пари и за моќ, тоа било прашањето. Одговорете му на овој народ, порача Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Виница зборуваше
-Три работи зборуваат. Дека ќе донеле правда, дека ќе блескале секаде во светот и третата работа е дека оделе напред. Не е правда кога од овде, од Виница, во еден ден ќе заминат преку 400 луѓе надвор од Македонија, а Мира Дизел ќе ги окупира со половина семејство државните институции. Не е правда кога вашето семејство ужива во Бентли и Мајбах, а луѓето во Кочани, Виница, Зрновци, Делчево, Куманово и останатите градови во Македонија едвај крај со крај сврзуваат. Не е правда кога им ветувате на луѓето загарантиран откуп, повисоки субвенции и стимулации во земјоделието, а кога ќе дојде денот, родот и овде во виничко и онаму во кочанско и во Пелагонија останува необран од нивите. Не е правда да ветувате дека ќе изградите 500 километри автопат, а да не можете речиси готов автопат две години откако сте премиер да го пуштите во употреба. Не е правда да ветувате повисоки пензии, а кога ќе дојдете на власт и тие кои ги затекнавте да ги кратите, порача Мицкоски.