четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Не е сеедно дали некој ќе оди со крената глава или ќе се шета со обезбедување, мојот образ е стекнат врз вредности

Мицкоски: Не е сеедно дали некој ќе оди со крената глава или ќе се шета со обезбедување, мојот образ е стекнат врз вредности

Зборот криминал не постои во мојот речник, а уште помалку го одобрувам истиот. Навистина жалам кога пред некој ден го гледав Зоран Заев како невешто ја убедува македонската јавност дека оној сирот човек го навел за тој да му земе мито. Ми беше навистина непријатно да го гледам како се мачи и поти да објаснува пред скалите на судот. И навистина не знам како може да се извлече од една таква ситуација, рече Христијан Мицксоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ во денешното негово гостување во емисијата Топ Тема на телевизија Телма.

Мицкоски додаде дека транзициските политичари како Заев мора да завршат и да дојде нова генерација на политичари треба да одлучува за иднината на оваа земја.

– Секој треба да знае дека порно или подоцна крајот на неговата политичка кариера завршува. Прашањето е што ќе остави позади себе. Дали кога ќе се појави на улица ќе шета со крената глава и ќе направи здраво со пет, десет или седум луѓе, или ќе го чуваат десет телохранители и ќе ужива во сите оние работи лукративни кои што го пратат во политичкиот живот, потенцираше Мицкоски.

Најнови вести