Ние продолжуваме со нашата динамика на формирање на ново владино мнозинство и тука не треба да има дилема. Разговараме со сите политички партии. Секој зрел политичар, секој политичар кој и мисли добро на Македонија и на граѓаните, без разлика дали од СДСМ, нивната коалиција, ДУИ, нема повеќе да го поддржува ова мнозинство во парламентот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Клик плус на ТВ 21.
Мицкоски истакна дека ова мнозинство, ја носи државата во амбис, додека граѓаните се беспомошни и разочарани и токму затоа ВМРО-ДПМНЕ реагираше да се направи политички маневар и покажа зрелост, но тоа не значи дека се откажани од идејата за ново парламентарно мнозинство .
-Не сме се откажале од нашата намера да формираме ново парламентарно мнозинство, кое ќе ја води подобро државата. Сум имал средби барем со 80 пратеници во парламентот разговори, да видам каков амбиентот да ги кажам моите аргументи. Има од СДСМ, ДУИ други политички партии во коалиција со СДСМ, Најголемиот дел од нив се чувствуваат измамени од ветувањата кои им биле дадени, не се чувствуваат пријатно во коалиција со Заев, истакна Мицкоски.
Тој нагласи дека гласањето за доверба на влада на 3 март може за Заев да мисли дека е блескава победа но видовме следниот ден таму дека има се само нема парламентарно мнозинство и тоа еве гледаме и сега се случува.