Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Клан дебата“ на телевизија Клан истакна дека оваа кампања од ДУИ кои се претставуваат како зелена партија не слушнавме за искористување на енергијата од ветерот, сонцето, но видовме како со СДСМ го делат народот, иако тие поделби кои ги прави власта не го прави народот во Македонија посреќен.
– Слушнавте нешто за подобар живот и иднина? Не, и нема да слушнете затоа што не знаат како. Тие знаат само како да се валкаат во политичката кал и тука се неприкосновени, им нема рамен за да создадат омраза, рече Мицкоски.
Мицкоски говорејќи за Кичево изјави дека за разлика од ДУИ кои прават поделби, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Кичево, Александар Јовановски на дело покажа како се обединува, неговата сопруга е Албанка, мајка на три дечиња, кои се вистински пример за заедништво.
– Се работи за народот за Кичево, а од другата страна што имаме? Која е понудата од другата страна? Слушнавте вие од ДУИ за зелената агенда, за поквалитетен живот, за еколошки стандарди, за сончева енергија? Не слушнавме, но слушнавме други работи. Враќање во политичката кал, етничка омраза, нагласи Мицкоски.
Тој потенцираше дека овие политики на ДУИ и СДСМ не го спречуваат народот кој се иселува да остане тука, туку се повеќе го бркаат.
– Ајде да се вратиме на она што ни ги брка децата надвор. Затоа што кога ќе појдете после изборите во Зајас и Осломеј ќе видите дека ролетните се спуштени и не чадат оџаците на куќите. И се помалку се враќаат назад. И цела Македонија е таква, изјави Мицкоски.