сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Не верувам дека ќе има успешен референдум

Мицкоски: Не верувам дека ќе има успешен референдум

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Топ Тема“ на Телма во врска со поддршката на референдумот кажа дека кога ќе дојде време тогаш тоа прашање ќе се отвори во рамки на партијата.

Тој притоа се сомнева дека ќе има успешен референдум поради сите работи кои се случуваат во државата.

– Не верувам дека ќе има успешен референдум имајќи ги во предвид анкетите и она што се случува во државата во изминатиот период, комплетно промашената кампањата, навигацијата од терен што ја слушаме од луѓето, погрешните политики кои ги води владата ние нема да имаме успешен референдум, кажа Мицкоски.

Најнови вести