недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Нема странски инвестиции и последни сме во регионот затоа што владата е корумпирана

Мицкоски: Нема странски инвестиции и последни сме во регионот затоа што владата е корумпирана

Странските директни инвестиции ветуваа дека ќе бидат рекордери на Балканот, а каква е реалноста? Еве би сакал да ги споменам само бројките во оваа 2020 година која е позади нас. Директните странски инвестиции во Македонија изнесуваат ни повеќе ни помалку од 1,9 проценти од БДП, додека пак во соседството бројките се следни БиХ има странски директни инвестиции во 2020 година во вредност од 2,1 процент од БДП, Косово 4, Србија 4,8, Албанија 5,7, Црна Гора 11 проценти.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, во делот на ветените странски инвестиции.

-Не само што не сме рекордери туку длабоко сме заковани на дното, а нема странски инвестиции затоа што оваа Влада е најкорумпираната во Европа, затоа што сме најкорумпираната држава според скалата на Транспаренси ние сме 111-то место, најлошото во историјата, најлошо во независна Македонија затоа што апаши ни ја водат државата, додаде Мицкоски.

Најнови вести