Во денешната посета на основното училиште „Александар Македонски“ во општина Аеродром заедно со градоначалникот Тимчо Муцунски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во врска со трагичната несреќа во Бугарија истакна дека немилиот настан е продолжување на корупцијата и криминалот и нефункционирањето на институциите на оваа власт.
-Ние свесно три дена не се појавуваме во јавноста, не ги коментиравме овие немили настани, а би сакал уште еднаш да изразам сочувство до семејствата на починатите во оваа трагична несреќа, овој немил настан е само продолжување на корупцијата и криминалот и нефукционирањето на државните институции којшто започна со несреќата во Ласкарци и онаа нецелосната истрага во „Дурмо турс“ , продолжи со кабелот во модуларната болница во Тетово, и сега пред некој ден се случи трагичната несреќа во Бугарија, истакна Мицкоски.
Тој вели дека нема никаква одговорност од одговорните лица и од институциите, а нема ни морална одговорност што претставува срам за тие политичари кои и покрај тоа што на овие локални избори велеа дека ја научиле лекцијата, но не само што не ја научиле лекцијата туку се однесуваат и полошо од претходно, посочи Мицкоски.
-Ние предложивме вонреден технички преглед на сите превозни средства кои се користат за јавен превоз на патници, вонреден преглед на техничките станици каде се врши техничкиот на овие автобуси, предложивме најмалку три пати годишно да одат автобусите постари од осум години, четири пати автобусите постари од 12 години, се на товар на државата и да биде јавно достапен списокот на автобуси кои имаат лиценци за превоз, не тоа да биде некоја тајна која ја крие надлежното министерство, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека сето ова треба веднаш да се направи, побара одговорност и оставки од надлежните министри и рече дека доколку сево ова не се случи, одговорност нема и не се променат некои работи во однос на корупцијата и криминалот вакви несреќи ќе продолжат да се случуваат.