четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Никако не може народот да биде крив за корона кризата, тоа го кажуваат политичари кои не сакаат да признаат одговорност

Мицкоски: Никако не може народот да биде крив за корона кризата, тоа го кажуваат политичари кои не сакаат да признаат одговорност

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 при што посочи дека власта никако да ја лоцира вината во себе, секогаш ја бара кај опозицијата и кај грѓаните, а тоа не е честито.

„Јас не сакам да верувам во тезата дека граѓаните се виновни, тоа е одлика на едни политичари од минатото кога ги обвинуваа граѓаните дека грешат. Денеска гледаме реминиценција на тоа минато од страна на политичари од Владата кои што повторно ги обвинуваат опозицијата, или мене и Наќе Чулев или граѓаниет“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека власта никако не ја лоцира вината кај нив. Тоа не е честито. Власта ја имаа поддршката со недели, денови, месеци безусловна од граѓаните.лУѓето им ја дадоа поддршката и им ги дадоа сопствените животи на располагање. Први влеговме во кризата, а се уште не можеме да излеземе, додека нашите соседи се изборија со кризата.

Најнови вести