Локалните избори во Македонија направија големи тектонски поместувања на политичката сцена во Македонија. Големата победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори и победата над владејачката коалиција СДСМ, се должи на придонесот од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што создаде една нова иднина со тим од млади, нови и чесни луѓе во нивните средини.
Мицкоски во текот на предизборниот период најавуваше дека тимот на нови луѓе на ВМРО-ДПМНЕ се луѓе кои се млади, со нова визија, нова енергија и луѓе кои сакаат да победат и да им покажат на граѓаните дека поинаку може но и дека имаат огромна предност пред стариот, контаминиран и докажано неспособен тим на градоначалници од СДСМ.
Тимот на млади луѓе од ВМРО-ДПМНЕ ја доби поддршката на граѓаните во скоро сите општини, со тоа се остварија и најавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кој што ги претставуваше новите луѓе со желба и мотив за работа и подобрување на животот на народот во нивните општини. Новиот тим на веќе избрани градоначалници уште од првиот нивен работен ден започнаа со реализација на проектите, но и проектите кои што веќе се веќе започнати или пак биле ветувани а неостварени.
Мицкоски во кампањата од локалните избори истакнуваше дека програмите со кои што на овие избори градоначалниците ќе настапуваат се наречени Гарантираме, затоа што го имате нашиот збор во сите општини дека ќе реализираме дела кои ќе создадат нова иднина.
,,Вкупно програмите содржат 14.835 проекти од различни сфери и области и се решенија за реалните проблеми на народот. Поточно гарантираме изградба за реалните буквално потреби на граѓаните. Ветуваме изградба и реконструкција на 2.000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу, многу други конкретни дела”, кажуваше Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерта по завршувањето на вториот изборен круг и прогласувањето на победа на ВМРО-ДПМНЕ упати и порака до новите градоначалници за тоа како да бидат во корист на граѓаните и да создадат нова иднина.
,,Заборавете на привилегиите кои ги носи функцијата, засукајте ги ракавите и од утре на работа! Вашите фотелји заменете ги со излегување на терен, работа со граѓаните и носење решенија на нивните проблеми. Заборавете на матни тендери и договори во четири очи. Никогаш не заборавајте од каде доаѓаме!”, ова вечерта по завршувањето на вториот изборен круг и прогласувањето на победа на ВМРО-ДПМНЕ им го кажа Мицкоски на градоначалниците.
Тој додаде и дека од него можат да очекуваат пријателство, но и критика.
,,Јас ќе бидам вашиот најдобар пријател, но и најостриот критичар. Овој народ заслужи и мора да види разлика и резулати. Тие луѓе мора да знаат дека стојам зад секој мој збор. Имаме многу работа пред нас и резулатати да испорачаме. Не смееме да изневериме. Ова е огромна доверба и мора да знаеме да ја почитуваме”, рече Мицкоски вечерта по завршување на вториот изборен круг и прогласувањето на победа на ВМРО-ДПМНЕ