петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ е исклучително квалитетен и реформски

Мицкоски: Новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ е исклучително квалитетен и реформски

Во вечерашната дебатна емисија “Што не е јасно?” на Алфа телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски, кој се осврна на моменталната политичка ситуација, одржаните предвремени парламентарни избори, како и за очекувањата по изборите и можните коалицирања и обезбедувањето парламентарно мнозинство.

Мицкоски потенцираше дека новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ е крајно демократкси, модерен и напреден. Истиот ќе овозможи многу поголема рамноправност во сите структури на партијата, како и ќе ги ограничи т.н партиски функционери во однос на должината на мандатите, како и ингеренциите.

“Партијата одлучи да направи нов статут кој ќе претставува едно револуционерно, реформско и европско дело. Истиот е изработен по примерот на статутите на неколку сестрински партии од ЕПП, кои во изминатите години преку таквите статути создадоа силни партии кои сега раководат со државните институции. Голем број на ингеренции се изменети со новиот статут и истиот ќе даде поголема важност на секој еден член на ВМРО-ДПМНЕ. Овој статут по одредено време ќе докаже дека ВМРО-ДПМНЕ е крајно демократизирано”, вели Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која што се води по европските принципи, вредности и се темели врз вистинските вредности кои се водилка на политичката партија. Со новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ се овозможува шанса секој еден член да придонесува онолку колку што сака, секој еден член да може да креира во партијата и да учествува во најразлични партиски структури, заврши Мицкоски.

Најнови вести